Бројот на жртвите од новиот коронавирус во Кина во изминатото деноноќие се зголеми за осум лица, а бројот на заразени за 34, но други 819 лица успеале да се излекуваат, јави доцна синоќа кинескиот Државен комитет за хигиена и здравје. Освен тоа, ниту еден од новите случаи не е од градот Вухан, што беше епицентарот на епидемијата во земјата, пренесува Тасс.
Според податоците на Комитетот, бројот на заразени во земјата за цело времетраење на епидемијата достигна 80.900 лица, Од нив 70.,400 лица веќе се излекувани, а 3.245 умреа.
Според најновите податоци, официјалната смртност од вирусот во оваа земја сега изнесува четири отсто. Процентот на луѓе кои успеале да се излекуваат во текот на денот се зголеми од 86 на 87 отсто.
Ситуацијата во Кина сега е стабилна: во 15 од 31 региона воопшто нема заразени случаи, а бројот на заразени во болниците во другите 16 провинции, административни области и градови со централно управување варира од едно до неколку десетици лица.