Граѓани на Скопје преку социјалните мрежи алармираат дека се прави масакр на шумата на сртот на Водно за изградба на трасата на гасоводот за Тетово и Гостивар.
– Граѓани на Скопје, од денеска планината Водно не е веќе иста. Демолиран е сртот кај Бел Камен, штетата е непроценлива, тоа повеќе не може никако да се санира како што не лажат егзекуторите на Водно. Глетката е тешка и мачна, пишува на својот Фејсбук профил Сергеј Дамовски.
Тој споделува фотографии и видеа на кои се гледа дека сечата е стигната до сртот кај Бел Камен.
По протестот на екологистите и граѓани на Скопје, беше најавено дека трасата ќе се коригира, но на последната владина седница беше дадено одобрение изградбата да продолжи.