Воен хеликоптер се урна попладнево во истанбулскиот квартал Чекмекој.

Во реонот се испратени амбулантни возила и тимови на противпожарна служба. Еден припадник на армијата е пренесен во болница.

Хеликоптерот се урнал додека извршувал принудно слетување. Во истиот реон минатиот месец се урна воен хеликоптер при што загинаа петмина војници.