Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека ќе побара од Парламентот да донесе одлука за доделување 50 милиони евра за Косово, наменети за набавка на воена опрема.

Според него “зауздувањето на Србија е клучно за одржување на мирот и стабилност во целиот регион а не само на Косово”.

-Пратениците на ДП в понеделник ќе поднесат амандман до Собранието со кој ќе бараат 50 милиони евра од буџетот за 2024 година да се издвојат за воена помош на Косово. Тоа е суштински интерес за нашата националната безбедност, за националната безбедност на Косово, па се надеваме дека ова прашање нема да падне на мизерно ниво на политичка дебата, додава тој.

Групата на Баша, кој во судскиот регистар е признат како лидер на партијата, во законодавниот дом има десеттина пратеници. Останатите 45 демократски пратеници се со групата приврзаници на Сали Бериша, односно Газменд Барди, кои застапуваат исти ставови.