Чешка испрати неколку тенкови во Украина, изјави денеска извор од одбраната, потврдувајќи ја информацијата што претходно ја објави чешката јавна телевизија.
Чешката телевизија објави дека во Украина биле испратени тенкови Т-72 и борбени возила БВП-1.
Извор од чешкиот одбранбен систем потврди дека тенковите се испратени, но одби да даде повеќе детали.
Извештаите доаѓаат додека сојузниците на НАТО се подготвуваат да разговараат за испорака на дополнително оружје за Украина на утрешната средба на министрите за надворешни работи во Брисел.