Кинески воен брод во Тајванскиот теснец денеска почна со вежби со вистински оган како дел од тридневната воена вежба која Пекинг ја нарекува предупредување за протајванските сили за независност.
Амфибискиот десантен брод – за транспорт на војници, авиони и возила – утрово истрела неколку гранати во областа на заливот Луојан во близина на брегот на провинцијата Фуџијан, на околу 50 километри северозападно од островот Мацу во близина на копно под контрола на Тајван.
Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека осум кинески бродови и 42 авиони утрово ја преминале средината на тајванскиот теснец.
Кина го смета Тајван за своја територија.