Пред околу час и половина, припадници на АРМ задолжени за „нуклеарно, хемиско и биолошко оружје“ влегоа во кругот на Фабриката „Охис“ во Скопје.
Како што јавува „Сител“, токсична материја метил акрилат се излеала внатре во фабриката при чистење на контејнер. Хемикалијата не е запаллива но, може да предизвка гушење и штипење на очите.
Хаваријата се случила при чистење на еден од контењерите со отпад, при што дошла до хемиска реакција помеѓу отпадот и водата. Компанијата која е задолжена за отстранување на отпадот е Еко Центар 97, отпад кој потоа се извезува во Швајцарија.
За хаваријата е известена полицијата која прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата. Се организира која екипа има сооодветна опрема за да може безбедно да интеренира. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население.
На терен се наоѓа едно возило на брзата помош, но и неколку екипи на противпожарната единица и не е познато дали има повредени.