Британскиот министер за безбедност Вен Волас денеска ги демантираше тврдењата дека полицијата идентификувала неколкумина Руси, одговорни за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
– Мислам дека приказната припаѓа на категоријата „дезинформации и луди шпекулации“, рече Волас.
Претходно денеска, Би-Би-Си јави дека англиската полиција верува дека ги идентификувала осомничените за труењето на таткото и ќерката.
Скрипал и неговата ќерка во март годинава во Солсбери беа отруени со нервен гас Новичок, за кој официјален Лондон тврди дека се произведува единствено во Русија. Тие двајца, неколку недели беа во болница.