Да водевме војна од полн размер, одамна ќе беше готова, изјави претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин за војната во Украина.

Тој изјави дека Русија спроведува „специјална воена операција со цел спасување животи на цивилите“, пренесува руската агенција ТАСС.

– Во тој случај Русија ќе ги користеше методите на Соединетите Американски Држави кои вклучуваат бомбардирање и нивната стратегија на „изгорена земја“. Руските војници не убиваат цивили, туку ги ослободуваат, а понекогаш тоа го прават и по цена на сопствениот живот. Нашите војници даваат сè од себе за да ги спасат мирните жители, вели Володин.

Русија на 24 февруари ја почна воената операција во Украина, но засега нема решение на повидок.