Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди продолжување на распоредувањето на американските трупи на Блискиот Исток до 2027 година, што е знак дека конфликтот би можел да продолжи до следната година, соопштија денеска извори запознаени со ситуацијата.

Извори за „Волстрит џурнал“ изјавија дека Хегсет наредил задржување на околу 50.000 американски војници во регионот на Блискиот Исток, како и продолжување на распоредувањето на екипажи на воени бродови, единици за воздушна одбрана и падобранци.

Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со помошниците „дали да прогласи крај на војната во Иран“, дури и кога некои борби продолжуваат и оваа недела со бројни американски и ирански одмазднички напади.

Во регионот на Блискиот Исток се распоредени 19 воени бродови, единици за воздушна одбрана, ескадрили на ловци и падобранци, соопштија изворите.

Фото: архива