Центарот за управување со кризи објави вонредна информација поради големиот пожар кој избувна во фабриката на влезот во Тетово при што квалитетот на воздухот е значително влошен.
Од општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови.
-Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95. Во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите, велат од ЦУК.
Оттаму информираат дека во 12 часот на лице место пристигна и екипи од Армијата со еден хамер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот. На терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
-На пожарот се интервенира и од воздух со хеликоптер на МВР, а од страна на ТАВ Maкедонија пуштена е цистерна со пена. Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар, велат од ЦУК.