Повеќе патишта и улици во главниот град се затворени. Спасувачките служби се испратени во припомош на возачите, кои останале заробени во своите автомобили. Метрото, исто така, е поплавено, што го отежнува патувањето во ударните пикови на денот, пренесоа американските медиуми.
Врнежите, што само за еден час го надминаа досегашниот дневен рекорд, дури предизвикаа и протекувања во Белата куќа.
Дописникот на CNBC на Твитер објави снимки за поплавен подрум во претседателската резиденција.
Уште пообилни врнежи биле регистрирани во Арлингтон, во Вирџинија, каде за еден час наврнале приближно 13 сантиметри дожд.