Американскиот Конгрес синоќа продолжи со работа на заедничка сесија на законодавците во текот на која членови на Преставничкиот дом и на Сенатот формално треба да ги потврдат разултатите од гласањето на колеџот на електори, кој во декември ја сертифицираше победата на Џо Бајден.
Денот претходно помина во анархија и хаос во и околу Капитол хил, опсаден од стотина десничарски екстремисти, поддржувачи на претседателот Доналд Трамп.
Настаните всушност започнаа со говорот на Трамп, кој некаде претпладне се обрати пред илјадници насобрани демонстранти на претходно затворениот парк и тревник пред Белата куќа.
Веднаш потоа, околу 13 часот источноамериканско време, Конгресот беше принуден да ја прекине седницата откако стотици поддржувачи упаднаа во Капитол на САД со барање да се поништат резултатите од изборите.
Полицијата на Капитол хил ги евакуираше законодавците, некои беа забележани како го напуштаат зданието со покриени глави и во гас маски. Во текот на неколку часа службите, на кои им се вклучи и Федералнот биро за истраги (ФБИ), ги гонеа поддржувачите на Трамп кои упаднаа во салите на Конгресот и вандализираа низ просториите.
Некои телевизии објавија и сцени на претставници на безбедносните служби како посегаат оружје за заштита на закондавците, кои останаа забарикадирани во главните сали на заседанијата на Сенатот и на Претставничкиот дом.
Полицијата во Вашингтон соопшти дека како резултат на рана на вратот од огнострелно оружје синоќа во безредијата починала една жена, наводна учесничка во маршот за поддршка на Трамп. Ај-би-си сопшти дека жената била застрелана од безбедносните сили. ФБИ соопшти дека нивни агенти деактивирале две наводни експлозивни направи.
Во меѓувреме и избраниот претседател Бајден го повика Трамп да отстапи, за веднаш по него Трамп да се појави на видео на Твитер и повика демонстрантите да „заминат дома“.
Полицијата конечно успеа да воспостави ред околу зградата на Капитол хил кај 18:00 часот, а законодавците се вратија на работа околу два часа подоцна.
– Оние што направија хаос денеска во Конгресот се губитници, изјави потпретседателот Мајк Пенс, претседавач на Сенатот, при отворањето на претходно прекинатата седница.
– Да се вратиме на работа, повика тој, по што законодавците бурно аплаудираа.
Мич Меконел, лидер на републиканците во Сенатот, нередите предизвикани од поддржувачите на Трамп ги нарече „неуспешно востание“.
– Нема да се подведеме и да потклекнеме пред aгресивна толпа… и ќе го одбраниме нашиот Устав, истакна Меконел.
Мит Ромни, сенатор од Јута, во соопштение ги осуди републиканците кои се обидуваат да ја погазат волјата на гласачите на претседателските избори и истакна дека „она што се случи денеска е востание поттикнато од претседателот“.
Линдзи Грем, уште еден истакнат републиканец, во обраќање пред Сенатот ја призна победата на Бајден и неговиот потпретседател Камала Харис и рече дека од 20 јануари 2021 година тие ќе бидат следните претседател и потпретседател на САД.
Џон Болтон, поранешен советник за национална безедност го нарече 6 јануари 2021 година „најтажниот ден во американската историја“.
– На Трамп му остануваат уште 14 денови мандат, истакна Болтон.
Вината за тоа што се случи синоќа во американската престолнина сите ја гледаат во постапките и акциите на претседателот Трамп, кој повеќе од два месеци наметна алтернативна реалност на голем дел од американските избирачи дека изборите наводно биле лажирани и украдени.
Социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук привремено ги блокираа налозите на Трамп поради неговата одбрана на демонстрантите и повторното истакнување дека тоа што се случува е резултат на „украдени избори“.
Закондавците доцна синоќа продолжија со дискусиите за потврда на резултатите од гласањето на изборниот колеџ. На првото гласање во Горниот дом во врска со оспорените резултати од Аризона, забелешката за тоа не беше прифатена. Според познавачите, сите обиди да се оспорат резултатите нема да вродат со плод.
Во протестите во Вашингтон загинаа најмалку четири лица
Полицијата на Вашингтон објави дека четири лица загинале за време на вчерашниот упад на приврзаниците на Доналд Трамп во Конгресот.
Досега приведени се 53 луѓе, од кои 47 поради кршење на полицискиот час, што вчера беше воведен во Вашингтон и трае од 18 до шест часот.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс на Твитер го осуди насилството.
– Најстрого го осудувам насилството што се случи и тагуваме поради загубените животи, како и поради повредите на тие кои го бранеа Капитол. Мирен протест е право на секој Американец, но овој напад на Капитол нема да го толерираме. Тие кои учествуваа најстрого ќе бидат санкционирани во согласнот со законот, посочи Пенс.
Помали протести на приврзаниците на Трамп синоќа се одржаа и во голем број американски градови, меѓу кои Салем, Орегон, Аталанта и Денвер. ми/
Можно е отповикување на Трамп пред инаугурацијата на Бајден
Демократката во американскиот Претставнички дом, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп, 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот претседател Џо Бајден.
– Не можеме да дозволиме да остане на функција зачувување на нашата Република и мораме да ја исполниме нашата заклетва, напиша Омар на Твитер.
Директорот на големата американска бизнис група, во која членуваат 14.000 компании, меѓу кои и Ексон мобал, Фајзер, Тојота мотор корпорејшн, Џеј Тимонс упати апел властите да ја разгледаат можноста за смена на Трамп откако неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот.
Тој наведе дека Трамп „поттикнувал насилство во обид да остане на власт и секој лидер кој го брани, ја крши заклетвата за почитување на Уставот и ја отфрла демократијата поради анархија“.
– Потпретседателот Мајк Пенс треба да ја разгледа можноста за покренување на 25 амандман поради зачувување на демократијата, посочи Тимонс.
Дваесет и петтиот амандман предвидува претседателските овластувања да се пренесат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа. За тоа да се случи неопходно е потпретседателот и мнозинството да го прогласат претседателот за неспособен за извршување на функцијата. Во случај ако претседателот ги отфрли таквите тврдања, тогаш неопходно е две третини од Претставничкиот дом и од Сенатот да гласаат за поставување на потпретседателот за претседател. ми/
Конгресот ги отфрли приговорите за победата на Бајден
Конгресот на САД, каде вчера беше прекинато пребројувањето на гласовите од Изборниот колеџ на неколку часа поради упад на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, денеска ги отфрли приговорите за победата на Џо Бајден на претседателските избори во Пенсилванија.
На седницата на Конгресот треба да се пребројат гласовите на Изборниот колеџ од други 12 држави, а потоа ќе биде потврдена победата на Бајден на претседателските избори во САД, одржани на 3 ноември минатата година.
Конгресната седница за броење на гласовите на Изборниот колеџ што го прогласи поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден за победник на претседателските избори во САД, продолжи откако силите за спроведување на законот ги отстранија демонстрантите од зградата, околу 17:30 часот по локално време.
Американските медиуми јавија дека вработените во Конгресот, во метежот предизвикан од упадот на демонстрантите, ги земаа кутиите со гласовите на Изборниот колеџ и ги однесоа на безбедно, што овозможи да не се загрози уставно пропишаната постапка за потврдување на резултатите.
Насилството на демонстрантите поколеба дел од републиканските сенатори кои планираа да ги поддржат приговорите на нивните сопартијци од Претставничкиот дом на резултатите од претседателските избори во повеќе држави и со тоа да се иницира постапката на пропишаната двочасовна дебата на одделни седници на двата дома на Конгресот.
Конгресот ги отфрли приговорите за резултатите од изборите во Аризона по двочасовна дебата во двата дома на Конгресот, по што стана очигледно дека републиканците во Претставничкиот дом останаа без поддршка од партиските колеги во Сенатот по штро пропаднаа обидите за оспорувње на изборната победа на Бајден во Невада, Мичиген и Џорџија и не се одржаа расправи, а процесот на потврдување на изборните резултати беше забрзан.
– Се што можам да кажам е да не сметаат на мене. Доста е, рече републиканскиот сенатор Линдзи Греам во говорот во Сенатот откако демонстрантите беа отстранети.
Тој наведе дека Џо Бајден и Камала Харис се легално избрани и ќе станат претседател и потпретседателка на САД на 20 јануари.
Во своите говори во Конгресот, сенаторите објаснија дека токму насилството врз демократијата ги поттикнало да се откажат од поддршката за приговор на резултатите од изборите.
Конгресот ги потврди гласовите од Изборниот колеџ, Бајден е нов претседател на САД
Конгресот ги потврди гласовите од Изборниот колеџ со што Џо Бајден е нов претседател на САД.
Бајден победи со резултат 306:232.
По паузата поради немирите предизвикани од приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп вчера на Капитол Хил, членовите на Претставничкиот дом и Сенатот се вратија на Конгресот и продолжија со броење на гласовите.
Конгресот ги потврди гласовите од Изборниот колеџ, Бајден е нов претседател на САД
Членовите на американскиот Конгрес ја потврдија утрово победата на кандидатот на Демократската партија Џозеф Бајден на претседателските избори, откако ги отфрлија сите приговори за гласовите на гласачите во сојузните држави.
По долга ноќ, обележана со упад на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во Конгресот и четиричасовната окупација на зградата, при што загинаа четири лица, официјално беше потврдена победата на Бајден на изборите во ноември.Американскиот Конгрес вчера почна заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот, на која беа објавени гласовите на гласачите во сојузните држави.На изборите на 3 ноември гласачите не гласаа директно за Бајден или Трамп, туку избраа гласачи кои формално го избраа претседателот со тајно гласање на 14 декември. Медиумите тогаш објавија дека Бајден ги добил потребните 270 од 538 изборни гласови, како што беше предвидено четири дена по изборите.
На вечерашната специјална седница, членовите на Конгресот имаа можност да се спротивстават на резултатот од гласањето во секоја сојузна држава.Иако голем број републиканци најавија дека ќе поднесат приговори до шест држави, многумина се откажаа по насилството, а приговорите беа поднесени само како резултат на изборните гласови во Аризона и Пенсилванија, но и тие беа одбиени.По објавувањето на резултатите во сите 50 федерални држави и Дистриктот Колумбија, Бајден доби 306 електорски гласови, што официјално ја потврди неговата победа. За Трамп гласаа 232 електори.Бајден треба да ја преземе функцијата на 20 јануари.
Во Вашингтон продолжена вонредната состојба до 21 јануари
Градоначалничката на Вашингтон, Муријел Баусер ја продолжи вонредната состојба до 21 јануари односно еден ден по инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден.
– Вчерашните протести според Првиот амандман станаа насилни. Голем број луѓе пристигнаа во главниот град вооружени и учествуваа во насилство и уништување. Тие фрлаа хемиски супстанци, камења, шишиња и пукаа од пиштол, истакна Баусер.
Припадници на Националната гардда ќе бидат распоредени во Вашингтон, по вчерашните протести во кои загинаа четири лица.
Конгресот денеска ја потврди победата на Бајден.
Трамп: Транзицијата на власта на 20 јануари ќе биде во согласност со прописите
Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп откако Конгресот ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, изјави дека транзицијата на власта на 20 јануари ќе биде во согласност со прописите.
Трамп истакна дека одлуката на Конгресот „претставува крај“ на „најголемиот прв мандат“ во претседателската историја.
– Иако воопшто не сум согласен со исходот од изборите и фактот дека ме поддржуваат, сепак ќе има уредна транзиција на 20 јанури, истакна Трамп.
Тој додаде дека секогаш зборувал дека ќе продолжи борбата за да се осигура дека се бројат само легални гласови.
– Иако ова претставува крај на најголемиот прв мандат во прретседателската историја, тоа е само почеток на нашата борба за Америка повтрорно да ја направиме голема, посочи Трамп.