Полска денеска објави купување на 250 од најновите модернизирани верзии на тенокот „Абрамс“ од САД.
– Нашата армија ќе го подобри својот квалитет со голем број тенкови „Абрамс“, кои се најнапредни во светот, изјави пред новинарите вицепремиерот Јарослав Качински, кој е лидер на владејачката националистичка партија Право и правда.
Тој нагласи дека доколку се оди според планот, испораката ќе започне следната година.
Министерството за одбрана на Полска соопшти дека порачката е за 250 тенкови М1А2 СЕПв3, но не ја прецизираше цената.
Минатата година САД и Полска потпишаа договор за соработка во областа на одбраната, а Вашингтон соопшти дека ќе испрати дополнителни 1.000 војници во Полска, според принцип на ротација, покрај 4.500 кои се веќе стационирани таму.