Најмалку три лица загинаа, а неколку патници се повредени кога патнички воз на американската железничка компанија „Амтрак“ вчера излета од шините во северната централна држава Монтана, соопшти денеска претставник на локалниот шериф.
Службеникот изјави дека има повеќе повредени, но оти конечниот број сè уште не е познат.
Причината за несреќата сè уште не е позната.
Во возот кој сообраќал до Сиетл имало околу 146 патници и 16 членови на персонал, соопшти компанијата „Амтрак“.