Циркуски питон го задави дресерот на змии додека тој изведуваше точка змијата на сцена на циркуска претстава. Точно не е познато каде се случувала претставата и каде е снимено видеото, но се претпоставува дека е во Русија.

Дресерот излезе на сцената, ја завитка змијата околу вратот и набргу потоа падна на сцената со змијата околу врат, а гледачите мирно ја следеа точката, мислејќи дека тоа е дел од настапот на дресерот со питонот.

Но, кога сфатија дека нешто непредвидено се случува, набрзо двајца од обезбедувањето, ја одмотаа змијата од вратот на дресерот во обид да го спасат. Но, за жал, изгледа беше предоцна.