Ворлд пастри старс (World Pastry Stars), италијанска организација на готвачи од земји познати по слатки производи, му ја додели титулата најдобар слаткар на светот на белгискиот производител на чоколадни „Пралине“ слатки – Пјер Марколини.
Со тоа, тој го зајакна угледот на својата земја како врвен производител во кондиторската индустрија.
Марколини е познат по неговиот минималистички стил, неговите чоколади се продаваат како луксузни подароци, од коишто некои чинат и повеќе од 100 евра. Тој го отвори својата прва слаткарница во Брисел пред 25 години, а сега неговиот бренд е застапен и од Германија до Кина.
Тој ја гледа оваа награда како потврда за неговиот „луд проект кој се обидува да го обнови, преобликува, промени, модернизира светот на слатки и светот на чоколадото“. Се надева дека чоколадото ќе им донесе на луѓето барем малку утеха во ова тешко време на пандемијата на Ковид-19.
– Ние сме во мрачно време поради пандемијата. Мислам дека најдоброто нешто што можете да направите е да останете дома со чоколадо, со кутија „Пралине”, рече тој.
Белгија последниве години се соочува со силна конкуренција од Канада до Малезија, на пр., но „белгискиот стил“ и рецепт, се чини, сѐ уште се врвно препознатливи.