Македонка по националност се декларирала како Албанка за да добие работно место во скопската општина Гази Баба.

Според документите, како што објави Фокус и според документите со кои располага порталот, извесна Г.Т., која по националност е Македонка, во апликацијата за работно место „советник за заштита и спречување од загадување на подземни води и површински води и вода за пиење“ се декларирала како Албанка.

Документите уште покажуваат дека таа живее во Гази Баба, од каде што е и објавен огласот за вработување во кој се бараат пет службеници во општината, од кои тројца Албанци/ки, еден Ром/ка и еден Македонец/ка.

Конкретно, и во самиот оглас е наведено дека за ова работно место треба да конкурира Албанец/ка, пишува Фокус.

Работата ја добила Македонката, која во апликацијата напишала Албанка.

Огласот, како што наведува Фокус, официјално бил објавен на неколку портали на 30 април, годинава.

Инаку ова не е прв случај, повеќе слични се регистрирани и во изминативе години, кога Албанци се декларирале како Македонци и обратно, или други националности, за да се конкурира за работно место, за добивање раководна фотелја во некоја институција, уписи во квоти на факултет и слично.