По 15 години откако беше остварен последниот лет на суперсоничнииот патнички авион Конкорд, надзвучното патување повторно се актуелизира во ависообраќајот.

Инвеститорите, авиопроектантите и прозиводителите на опрема се обидуваат да оживеат еден супербрз патнички авион. Прашање е дали надлежните власти тоа ќе го дозволат и дали ќе биде економски исплатливо.

Конкорд летот од Њујорк до Лондон или до Париз го скрати на три ипол часа, што е половина од времетраењето на денешните вообачени летови. Но, тоа се покажа дека е економско промашување.

„Волстрит џурнал“, меѓутоа, во свој напис се прашува – дали Конкорд повторно се враќа на небото? Таквата идеа ја поддржуваат Боинг, Локид Мартин и старт ап фирма од Колорадо, Бум технолоџи, кој за крајот на 2019 година го најави претставувањето на протоипот на суперсоничниот авион.

Според експерти од НАСА, изработката на нови надзвучни авиони е возможно за помалку од една деценија, но проблемот е дали ќе има доволно богати патници за да си го дозволат тој луксус. Исто така, потребно е таквите авиони да ја намалт и бучавоста.

Се најавува дека новата генерација на Конкорд би летале со брзина од 2.320 километри на час. Меѓутоа, во цивилната авијација по падот на Конкорд е поставена забрана за летови кои би го срушиле звучниот над Америка.

Според последните најави, Џенерал електрикс и Локид Мартин планираат да развијат тромоторен авион АС2 кој би развивал брзина од 1,4 маха.

Лобирањата за укинување на таа забрана веќе се почнати.