Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, а по котлините во поголем дел од денот магливо и со ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје магливо и тивко. Попладне ќе има делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

И утре времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло.

Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој од петок ќе го промени правецот во северен.

Најстудено утрово е во Берово, -4 степени, а температури под нулата има и во Битола и Прилеп каде што се измерени -2 степена.

Како што информира УХМР,  0 степени се измерени во Крива Паланка, Охрид, Претор и Попова Шапка, 1 степен во Штип, 2 во  Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 во Виница, Кавадарци и Маврови Анови, 4 во Крушево, 5 степени во Скопје – Зајчев Рид и Демир Капија, 6  во Скопје – Петровец и Велес и  9 степени во  Гевгелија.

На Попова Шапка во 7 часот е измерена снежна покривка од 38 сантиметри, 28 во Маврови Анови и 7 сантиметри во Битола.