Денеска претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Како што соопшти УХМР, од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми.
Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Во Берово и Тетово утрово се измерени -3 степени Целзиусови, во Виница и Крушево 3 степени, а висината на снежната покривка во 07 часот на Попова Шапка е 34, додека во Маврови Анови 25 сантиметри.
Во Скопје-Петровец, Битола и Струмица се измерени -2 степени, -1 во Демир Капија, Куманово,Велес, Дебар и Маврови Анови, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Кавадарци и Гевгелија.
Фото: МИА Архива