Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

Утрово најниска темепратура од -7 Целзиусови степени е измерена во Скопје кај Петровец, соопшти УХМР. Следуваат Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово со -6 степени, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Битола и Кавадарци, -4 во Прилеп и Попова Шапка, -3 Гевгелија, -2 Крива Паланка, Виница, Mаврови Анови и -1 степен во Охрид, Претор и во Kрушево.

До 7 часот утрово највисока снежна покривка од 24 см има на Попова Шапка, 14 см во Маврови Анови, 13 во Крушево и 1 см во Тетово и Ѓуриште.