Времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно, во утринските часови со повремен дожд кој особено на југозапад ќе преминува во слаб снег и на повисоките места.

На планините врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до минус 5, а дневната од 1 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по котлините.