Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец.
Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.
Утрово најниска температура од 3 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 4 степени, 6 во Маврови Анови, 7 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, 8 во Тетово, Охрид и Претор, 9 во Скопје кај Петровец, Струмица, Прилеп и во Крушево, 10 во Дебар, Куманово, Штип, Велес, Демир Капија, 11 во Скопје кај Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Гевгелија и 13 степени во Дојран.
Најмногу наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот утрово има во Дебар – 4 л/м2, 3 л/м2 во Лазарополе и во Маврови Анови 1 л/м2, посочуваат од УХМР со забелешка дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.