Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источниот дел и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која во средината на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Според УХМР; во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.
Најстудено утрово е во Берово каде се измерени -6 степени целзиусови, а најтопло во Охрид и Велес со 2 степена.
Според УХМР, -4 степени целзиусови се измерени на Попова Шапка, -3 Битола, Прилеп, Струмица, -2 Лазарополе, Виница, Тетово, -1 Крива Паланка, 0 Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, а 1 степен целзиусов во Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор, Дебар.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде утрово висината на снежната покривка изнесувала 47 сантиметри, во Маврови Анови биле измерени 38, во Крушево 20, во Битола 13, во Тетово 5, во Берово2, и еден сантиметар во Штип.
фото: МИА архива