Најстудено утрово беше во Берово, со минус четири степени, и само таму температурата е под нулата.
Според УХМР, 1 степен е измерен во Лазарополе, 2 во Крива Паланка, Битола и Струмица, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, 4 во Прилеп, Куманово, Велес и Маврови Анови, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Дебар, 6 степени во Охрид, Претор, Крушево и Попова Шапка и 8 степени во Гевгелија.
Времето изутринава беше сончево и студено. Наместа дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Максималната температура денеска ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 25 степени.
Според УХМР, во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд. Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.