Утрово најсудено било во Берово каде се измерени -7 степени целзиусови, а најтопло во Виница, Попова Шапка, Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија со измерени 0 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР -5 степени се измерени во Битола, -4 Скопје – Петровец, Струмица, Штип, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, -2 Велес, Претор, Куманово, Кавадарци, и -1 степен во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Пожаране, Kрушево.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.




