Новогодишната ноќ во поголемиот дел од земјата ќе биде студена со температура под нулата.
Врнежите од снег што ќе почнат од недела попладне, ќе траат во текот на целиот ден во понеделник, а за време на новогодишната ноќ ќе престанат.
-Повремени врнежи од дожд и снег на пониските делови, а на повисоките и планините од снег ќе има уште од недела попладне. Врнежите од снег ќе продолжат и понеделник особено на северот, а ќе дува северен ветер, што во понеделник и вторник повремено ќе засилува. Врнежите ќе прекинат ноќта кон вторник, информираат од УХМР.
Температурата на новогодишната ноќ ќе се движи од минус три до три степени. Во југоистокот ќе биде во позитива, а во останатите делови од земјата Новогодишната ноќ ќе биде со температура под нулата.
Дневната температура ќе достигне до осум степени.