Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.
За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и со постепен пораст на дневната температура, Во сабота ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела ќе биде сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица.