Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на север и на запад.
На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен, краткотрајно пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Во четврток и петок ќе има повеќе сончеви периоди, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег ќе настапи за време на викендот.