Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 14 степени.
Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. До понеделник на места врнежите ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денес и во понеделник. Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.