Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините ќе има врнежи од снег.
Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.
Според прогнозата на УХМР, до почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.




