Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје слично време со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Според најавата на УХМР, за време на викендот ќе биде посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Во сабота ќе има услови за изолирана појава на ретки грмежи, а на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Во понеделник се очекува преодно стабилизирање, а од вторник повторно нови врнежи.




