Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре (над 25 l/m2 за 24 часа).
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.




