Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14°C до 22°C, а максималната ќе достигне од 35°C до 42°C. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20°C, а максималната ќе достигне до 40°C.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.