Времето претпладне по одделни котлини ќе биде магловито, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.

Утринава најстудено во Битола, Прилеп и Берово каде е измерена минимална температура од – 4 степени, а најтопло во Крушево и Гевгелија, каде се измерени 3 степени целзиусови, информираат од УХМР.

Во Тетово и Струмица минималната температура изнесува – 2, во Скопје-Петровец и Кавадарци – 1, потоа во Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Претор, Велес, Штип, Демир Капија – 0 степени, додека во Крива Паланка, Охрид, Виница, Маврови Анови, Попова Шапка минималната температура изнесува 1 степен и во Куманово 2 степени целзиусови.

Најголема снежна покривка има на Попова Шапка – 40 сантиметри, потоа Маврови Анови – 31, Крушево – 15 и Битола – 10.

Фото:МИА архива