Времето во Македонија во утринските часови во земјава ќе биде магливо или со значителна ниска облачност, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 7 до 15 степени.

Во Скопје, наутро магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне 9 степени.

Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 м, па особено во западните и северните делови од земјава ќе има снег на повисоките населени места и понекаде ќе провејува и на пониските.