Времето денеска претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови, до среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Утрово најниска температура од 10 степени целзиусови е измерена во Лазарополе и 12 во Маврови Анови, а највисока во Гевгелија, Велес и Струмица, каде се регистрирани 20 степени целзиусови.
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Демир Капија – 38 литри на метар квадратен, а најмалку во Охрид, Пожаране, Крушево, Берово, Ѓуриште, Кавадарци, Струмица, каде наврнал 1 литар на метар квадратен.
Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата, и оти поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.