Суво и посончево време во Македонија, со повисоки дневни температури, се очекуваат во текот на утрешниот ден и в понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува период на претежно облачно и врнежливо време.
Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места.
Максималните температури во понеделник ќе достигнат до 19 степени, а во вторник до 15 степени. Веќе од среда ќе следува драстичен пад на максималните температури кои ќе се спуштат до 9 степени.