Времето денес ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време со дневна температура над просекот за овој период од годината. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Утрово е најстудено на Попова Шапка, -4 степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија.
Како што информира УХМР, -2 степена беше во Скопје – Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Штип, Берово, Прилеп и Mаврови Анови, 0 во Демир Капија, Претор и Виница, 1 во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Велес и Кавадарци, 2 во Тетово, како и 5 степени во Куманово.




