Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо.
Претпладне ќе биде со локален дожд, претежно на југот и истокот. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.
Слично време и во Скопје, променливо облачно со умерен северен ветер.