Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, кои поради продор на постудена воздушна маса ќе бидат претежно од снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Најстудено утрово со измерени -2 степени Целзиусови е во Берово и Попова Шапка, а најтопло со 7 степени е во Гевгелија.

Според УХМР утрово во Маврови Анови и во Крива Паланка се измерени 0 степени, 1 степен во Лазарополе, 2 во Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, 3 Битола и Кавадарци, 4 Тетово, Охрид, Претор и Виница, 5 Скопје-Петровец, Велес, 6 степени во Скопје-Зајчев Рид.

Висината на снежната покривка во 7 часот е 32 сантиметри на Попова Шапка и 14 сантиметри во Маврови Анови.