Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. УВ=8
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степени, а дневната температура од 26 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно. Утринската температура до 18, а дневната температура ќе достигне до 33 степени.
Во петок ќе биде нестабилно, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.