Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. УВ индекс 8.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 25 степени, а дневната температура ќе се движи од 25 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. УВ 8.

Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната температура до 33 степени.

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата.