Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди.

Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје, претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.