Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Во Лазарополе и во Берово утрово најсвежо со измерени 10 и 11 Целзиусови степени, додека најтопло е во Гевгелија со 21 степен.
На Попова Шапка измерени се 13 степени, 14 во Битола, Претор и Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп и Дебар, 16 Крушево, 17 степени во Скопје-Петровец и Струмица, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница и Велес, 19 степени во Кавадарци и 20 степени во Демир Капија.
За изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнат воден талог (во l/m2), како што информираа од УХМР, има 5 Дебар, 2 Лазарополе, 1 Берово.