Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три, а максималната ќе достигне од девет до 16 степени.
Во Скопје времето ќе променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.
Најстудено изутрината е на Попова Шапка минус седум степени, а највисока температура е измерена во Гевгелија седум степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според информациите на УХМР на Попова Шапка се измерени минус седум степени, во Берово и Kрушево минус три, ,Mаврови Анови минус два, Охрид, Крива Паланка, Претор и Битола еден, Тетово, Прилеп, Струмица и Штип два, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово и Виница три, Кавадарци и Демир Капија четири, Велес пет и Гевгелија седум степени.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 58 сантиметри.




