Времето претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време.

-До вторник ќе се задржи стабилно и потопло. Од средината на следната седмица ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.