Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Денеска ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а в петок и в сабота слаб локален дожд претежно во западните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури.