Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.